27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕСо само неколку рутински навики победете ја сезонската алергија!

Со само неколку рутински навики победете ја сезонската алергија!

Чешање на очите, воспалено грло, непречено кивање. Овие симптоми упатуваат на сезонска алергија. Со цел спречување на овие симптоми ви нудиме неколку едноставни трикови кои несомнено ќе ви помогнат.

Оставајте ги чевлите надвор

Луѓето склони на овие алергии најчесто се загрозени од своите обувки. Нивото на загаденост во затворен простор е до пет пати поголемо во однос на отворениот простор, така, одредени алергии во затворени услови дополнително се зголемуваат.

Набавете си и прочистувач на воздухот

Овој популарен апарат за во куќа се покажа како одлично решение за луѓето кои што имаат проблеми со алергиите. А особено добри се покажаа оние со хепа филтер бидеќи ги уништуваат и најмалите честици, како што се вирусите и никотинскиот дим.

Туширање пред спиење

Доколку сте поминале подолго време на отворено, а притоа не сте се истуширале пред спиење, постои голема можност во текот на ноќта да бидете изложени на алергии.

Тренинг на затворено

Доколку сте утрински тип и преферирате тренинг во утринските часови, би требало да знаете дека концентрацијата на поленот е најголема во периодот од 5 до 10 часот. Па сега размислете околу вежбањето на затворено во овој период од денот.

Очила за сонце

Стручни лица советуваат редовно носење на очила за заштита од сонце со цел да ги заштитите очите од алергии и бактерии, па дури и кога времето е облачно.

Консумирање лекови на природна база

Конзумирајте од 250 до 600 милиграми квертацин после секој оброк во текот на денот. Овој моќен антиоксидант ги блокира сите можни влијанија на хистаминот, кој ја засилува алергиската реакција.

Исперете го вашиот автомобил

Ако се водиме според истражувањата, луѓето поминуваат повеќе од 20 часа во своите автомобили затоа уште денес внимателно и детално исперете го вашиот автомобил.

Намалете со шеќерот и млекото

Млекото и млечните производи го зголемуваат слузот, па нивното избегнување може да помогне во ублажување на симптомите и  да ви овозможи полесно дишење. Додека шеќерот е и полош од млечните производи. Само една лажица шеќер може да го забрза процесот на воспалување и да го ослаби вашиот имунолошки систем за повеќе од 50%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП