18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКремљ се огласи: „Нема да го исклучиме гасот веднаш“

Кремљ се огласи: „Нема да го исклучиме гасот веднаш“

Кремљ објави дека нема веднаш да ја исклучи испораката на гас за земјите кои нема да го исполнат вчерашниот ултиматум на рускиот претседател Владимир Путин.

За потсетување, Путин во вчерашното телевизиско обраќање рече дека потпишал нов указ според кој „непријателските земји“ од денеска мора да го плаќаат рускиот гас во рубљи, во спротивно ќе бидат раскинати постоечките договори.

„Добив многу прашања за тоа дали новата уредба значи дека од денеска ќе ја исклучиме испораката на гас за земјите кои не почнуваат да плаќаат во рубљи. Не, тоа не значи и не произлегува од декретот“, велат портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Песков додаде дека плаќањата за денешните испораки на гас се закажани за крајот на април или почетокот на мај.

Но, повторувам уште еднаш, подобро е да се контактира со Гаспром за сите детали“, рече Песков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП