25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТСрпскиот претседател Вучиќ повторно излезе од фрижидер

Српскиот претседател Вучиќ повторно излезе од фрижидер

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, како дел од својата изборна кампања, повторно излезе од фрижидер, но овојпат директно влезе во студиото на ТВ Пинк.

Водителката му отвори врата за да влезе во студиото, каде беше пречекан од други водителки и публика.

Тој претходно објави спот, во кој излезе од фрижидер на едно семејство.

В недела на 3 април во Србија се одржуваат претседателски и парламентарни избори, на кои Вучиќ повторно е кандидат.

Според последните анкети, една третина од граѓаните на Србија немаат намера да излезат на изборите. Анкетите предвидуваат победа на актуелниот претседател Александар Вучиќ во првиот круг, а за владејачката коалиција предводена од напредните (СНС) повеќе од половина во парламентот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП