26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНавивачите го критикуваат дизајнот на новиот дрес на Милан

Навивачите го критикуваат дизајнот на новиот дрес на Милан

Фудбалскиот клуб Милан заедно со компанијата „Пума“ ги претстави новиот дизајн на дресовите. Изгледот на новиот дрес предизвика различни реакции во јавноста, најголем дел од коментарите се негативни.

На традиционалните бои на Милан, црната и црвената им е додадена и белата боја и поради тоа дресот делува непрепознатливо. На социјалните мрежи навивачите го искажаа незадоволството од изгледот на новиот дрес.

Фудбалерите на Милан, во новата гарнитура на дресови, прв пат ќе настапат во понеделник против Болоња.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП