23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкапата енергија додава 230 милијарди евра на сметките на домаќинствата во еврозоната

Скапата енергија додава 230 милијарди евра на сметките на домаќинствата во еврозоната

Високите цени на струјата, парното и горивото ќе додадат околу 230 милијарди евра на трошоците на домаќинствата во еврозоната во 2022-ва година, проценува „Bloomberg“. Тоа претставува околу 1,8% од бруто домашниот производ на монетарната унија.

Проценките велат дека поради скапата струја сметките ќе се зголемат за 130 милијарди евра, а поради горивата за околу 99 милијарди евра.

Во февруари се очекуваше скапата енергија да ги зголеми сметките за околу 100 милијарди евра во оваа година.

Домаќинствата веќе ги чувствуваат ефектите од зголемената инфлација. Довербата на потрошувачите низ Европа рапидно опаѓа и се враќа на нивоата за време на пандемијата. Но, во исто време, заштедите направени за време на коронавирусот може да им помогнат на Европејците да ги издржат економските притисоци. Сепак, шокот е голем и многумина не планираат големи набавки во оваа година.

Податоците се навистина загрижувачки – пред еден ден најголемата европска економија објави инфлација од 7,6% во март, а Шпанија од дури речиси 10%. Податоците од еврозоната ќе бидат објавени во денеска, а економистите предвидуваат забрзување на инфлацијата до 6,7%, што е рекорд во историјата на монетарната унија.

Затоа Европската централна банка (ЕЦБ) предупреди дека насоката на монетарната политика може да биде обратна. Засега, институцијата ја отфрла можноста за стагфлација, велејќи дека и во најлошите сценарија, еврозоната ќе забележи економски раст од околу 2% во 2022-ра година.

Многу политички лидери веќе се залагаат за повисоки каматни стапки, што, сепак, ќе влијае на производството. Целта на ЕЦБ за оваа година е инфлација од 2 отсто или речиси три пати помала од сегашната. Еден од факторите кои влијаат е војната во Украина.

„Колку подолго трае војната во Украина, толку ќе биде повисока цената“, изјави претседателот на ЕЦБ, Кристин Лагард ден претходно во Кипар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП