11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски на двајца генерали им ги одзеде чиновите нарекувајќи ги антихерои

Зеленски на двајца генерали им ги одзеде чиновите нарекувајќи ги антихерои

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека им го одзел воениот чин на двајца генерали поради прекршување на воената заклетва за верност кон украинскиот народ, истакнувајќи дека нешто ги спречило да одлучат каде е нивната татковина.

Зеленски рече дека тоа се Андриј Олекович, кој ја предводеше внатрешната безбедност во главната разузнавачка агенција на СБУ и Серхи Олександрович Криворучка, шеф на СБУ во Херсон, првиот голем град во кој Русите ја презедоа контролата.

Украинскиот претседател ги нарече антихерои.

– Одлуката е донесена за антихерои. Сега немам време да се занимавам со предавници. Но, со текот на времето, сите ќе бидат казнети. Случајните генерали не припаѓаат овде – рече Зеленски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП