2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротивникот на Меркел вети повисоки даноци

Противникот на Меркел вети повисоки даноци

Deutsches Staatsdefizit sinkt 2007 auf 0,6 Prozent

Пeр Штајнбрук, кандидатот на социјалдемократите за канцелар на Германија ветува дека даноците за најбогатите ќе бидат зголемени.

Според неговите зборови, ќе биде одредена и минималната заработка на национално ниво.

Истражувањата покажуваат дека во пресрет на изборите на 22 септември, Штајнбрук има значително помала поддршка од актуелната канцеларка Ангела Меркел.

Меѓутоа, Штајнбрук тврди дека ништо не е решено и дека многу гласачи се уште не се определиле.

Тој ги претстави неговите приоритети на кои тој би работел во првите 100 дена. Меѓу нив е воведувањето на минималната заработка од 8,50 евра за час и зголемувањето на стапката за даноци на приходите на најбогатите, од 42 на 49 проценти.

Неговите приоритети се однесуваат главно на домашната политика, но тој ќе се залага и за создавање на Европската банкарска унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП