17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена заработката на американските банки

Зголемена заработката на американските банки

america1

Американските банки во периодот од април до јуни заработиле повеќе отколку во истиот период минатата година, заради значително помалите загуби предизвикани од лошите кредити.

Американската банкарска индустрија во второто тромесечје заработила 42,2 милијарди долари, за 23 проценти повеќе во однос на истиот квартал минатата година, објави во четвртокот американската Федерална агенција за осигурување на депозитите, пренесува агенцијата Франс прес.

Загубите на банките поради лошите кредити се намалени во второто тромесечје на годишно ниво за 30,7 проценти на 14,2 милијарди долари, што е најниско ниво во последните шест години.

Кредитирањето, од друга страна, порасна за еден процент во однос на првиот квартал, а поголемото кредитирање ја поттикнува потрошувачката кај домаќинствата и компаниите, што овозможува отворањето на нови работни места и побрз економски раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП