22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗошто Донбас е толку важен за Русија?

Зошто Донбас е толку важен за Русија?

Руското Министерство за одбрана претходно објави дека првата фаза од воената операција во Украина е главно завршена и ќе се фокусира на целосно „ослободување“ на регионот Донбас во источна Украина.

Но, зошто Донбас е толку важен за Русија и каква е улогата на Донбас во оваа војна?

Настаните од 2014 година се клучни за денешната ситуација. Во тоа време, бунтовниците поддржани од Русија зазедоа владини згради во градовите низ источна Украина. По интензивните борби, делови од Луганск и Доњецк во регионот на Донбас паднаа во рацете на сепаратистите поддржани од Русија. Истата година Русија го анектира Крим.

Самопрогласените републики Луганск и Доњецк не се признати од ниту една влада во светот освен Русија и нејзиниот сојузник Сирија.

Украинската влада ги нарекува сепаратистички сили окупатори, а Русите ги нарекуваат „паравоени единици“ и тврдат дека локалното население всушност се брани од владата во Киев.

Си-Ен-Ен пишува дека повеќе од 14.000 луѓе биле убиени во конфликтот во Донбас, пред руската инвазија во февруари 2022 година. Украина соопшти дека 1,5 милиони луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во тој период, а повеќето останале во областите на Донбас кои сè уште се под Украинска контрола, а околу 200.000 се преселиле во регионот на Киев.

Сепаратистите во Донбас имаа значителна поддршка од Москва, а официјалните лица на САД, НАТО и Украина велат дека руската влада ги снабдува сепаратистите, обезбедувајќи им советодавна поддршка и разузнавачки информации и додавајќи свои офицери во нивните редови.

Рускиот претседател Владимир Путин долго време ја обвинува Украина за кршење на правата на Русите и руските говорници во Украина, а неколку недели пред инвазијата во февруари, тој рече дека е извршен геноцид во Донбас.

Како и во 2014 година, овој регион повторно стана центар на воени и геополитички конфликти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП