19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропа сè уште ќе може да го плаќа рускиот гас во евра,...

Европа сè уште ќе може да го плаќа рускиот гас во евра, а не со рубљи

Германската влада соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол на канцеларот Олаф Шолц во средата дека Европа може да продолжи да плаќа за рускиот гас во евра, а не во рубљи, како што неодамна побара Москва.

Портпаролот на германската влада Штефен Хебестрајт изјави дека Путин му рекол на Шолц дека европските плаќања „ќе продолжат во евра следниот месец и, како и обично, ќе ги дозначуваат на Гаспром банка, која не подлежи на санкции“ и таа ќе ги промени еврата во рубљи.

Кремљ претходно објави дека Путин и Шолц се договориле експерти од двете земји да разговараат за тоа како плаќањата за рускиот гас може да се вршат во рубљи, пренесе ТАСС.

Путин му рекол на Шолц дека плаќањето во рубљи за извоз на руски гас не треба да им наштети на европските купувачи. „Оваа одлука не треба да доведе до влошување на условите на договорите на европските компании кои увезуваат руски гас“, рече Путин, според соопштението од Кремљ.

До таа промена, му рече Путин на Шолц по Кремљ, дојде „бидејќи членките на ЕУ ги замрзнаа девизните резерви на Русија, што е кршење на меѓународното право“.

Во четврток Руската централна банка и руската влада, како и Гаспром, треба да претстават нов систем на плаќања во рубљи.

Путин претходно изјави дека сака „непријателските“ земји, меѓу кои се и земјите од ЕУ, да почнат да ги плаќаат сметките за гас во рубљи, што западните земји го отфрлија.

Кремљ во средата објави дека воведувањето на плаќањата во рубљи ќе се врши постепено.

Земјите од ЕУ увезуваат 40 отсто гас од Русија.

Кремљ објави дека Путин разговарал и со италијанскиот премиер Марио Драги за плаќање на гасот во рубљи, пренесе Интерфакс.

Според соопштението од кабинетот на Драги, Путин му го објаснил на Драги системот на плаќања во рубљи за рускиот гас.

Италија е многу зависна од рускиот гас, а Драги претходно одби. Во соопштението од неговиот кабинет не се наведува каков е сега неговиот одговор на Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП