10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВести од светот

Вести од светот

najnovi-vesti1

Виена – Стечајните управници на Алпина го критикуваа претходното раководство на таа компанија која отиде во стечај, поради премногу различни и непрофитабилни експанзии. Во документот, кој е проследен на државното обвинителство за борба против стопански криминал и корупција, констатирано е дека развојот на странските пазари течел без препознатлив стратешки план и врз основа на лични контакти на директорот Дитмар Алут-Олтјан со локалните партнери. По 2006 година новиот шпански сопственик го продолжи тој курс, укажа Рајш во извештајот, а пренесе виенскиот весник Курир.

Вашингтон – Прв патво историјата збирот на бруто домашниот производ на земјите во развој е поголем од збирот на БДП на богатите светски економии, покажуваат податоците од ММФ. Иако вреди да се истакне дека споредбата е изведена со усогласување на паритетот на куповната моќ, податоците покажуваат дека вредноста на стоката и услугите кои ги произведуваат сиромашните економии е поголема за 1,6 билиони долари од тоа што го произведуваат светските богати земји. Пазарите во развој имаат прилагоден БДП од 44,4 билиони долари, додека развиените земји произведуваат вредност во износ од 42,8 билиони долари на годишно ниво, пренесе Кварц.

Москва – Европската комисија (ЕК) планира да спроведе истрага против Гаспром до крајот на годината и да поднесе официјална тужба против таа компанија. ЕК планира да поднесе тужба поради, како што се наведува, злоупотреба на монополската положба на европскиот пазар на гас.

Загреб – Директорите на индонезиската компанија Гаруда го потврдија интересот за стратешко партнерство и соработка со хрватскиот авио превозник Кроација ерлајнс. Од Управата на идонезиската компанија е потврдено дека Хрватска и Кроација ерлајнс се еден од логичните избори за Гаруда, со оглед на тоа дека индонезискиот пазар брзо се развива, а Индонезијците се повеќе патуваат, соопшти хрватското Министерство за сообраќај, морето и инфраструктурата.

Киев, Москва – Премиерот на Украина Николај Азаров тврди дека во текот на есента и зимата нема да има нова гасна војна меѓу неговата земја и Русија. А московскиот весник Независмаја газета (НГ) изрази сомнеж дека до половината на октомври украинските магацини за гас ќе бидат пополнети во доволна мера да обезбедат непречено снабдување на европските потрошувачи во текот на грејната сезона.

Берлин – Според последните податоци на Федералната агенција за вработување (БА), бројот на невработените граѓани во Германија во август се зголемил за 32.000 во однос на претходниот месец, јави дописник за агенцијата Анадолија. Според последните податоци, бројот на невработените во Германија изнесува околу 2.946 милиони. Истиот извор наведува дека стапката на невработеност во таа земја е 6,8 отсто, што е речиси исто во однос на месец август минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП