19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ нема да плаќа гас во рубљи, Москва нема да им испорачува

ЕУ нема да плаќа гас во рубљи, Москва нема да им испорачува

Европската унија ги дели ставовите на земјите од Г7, кои одбија да платат за испораките на руски гас во рубљи, изјави портпаролот на Европската комисија.

Тој истакна дека министрите за енергетика на Г-7 инсистирале на почитување на договорите од страна на Москва, каде плаќањата се јасно предвидени во евра или долари.

Портпаролот ја отфрли можноста да се исполни желбата на рускиот претседател Владимир Путин да ја прифати рубљата како платежно средство според веќе склучените договори.

Според портпаролот, продолжуваат испораките на руски транзитен гас преку Украина до ЕУ. Тој не прецизираше дали има промена во обемот на испораките од почетокот на војната во Украина, како и дали очекуваниот увоз на течен природен гас од САД ќе биде поврзан со фракинг.

Сепак од другата страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рече дека Русија нема намера да се занимава со хуманитарна работа и бесплатно и обезбедува гас на Европа доколку земјите од Европската унија одбијат да го платат гасот во рубљи.

На прашањето на американската телевизија „PBS“ дали Русија ќе престане да извезува гас во Европа доколку земјите од ЕУ одбијат да платат во рубљи, Песков рече дека конечна одлука за тоа сѐ уште не е донесена.

„Не знам што ќе се случи кога ќе ја отфрлат оваа можност. Штом ќе ја донесеме конечната одлука, ќе видиме што може да се направи. Дефинитивно, немаме намера од тоа да правиме хуманитарни акции и бесплатно да испраќаме гас во Западна Европа“, посочи Песков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП