28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКремљ откри што прави Амбрамович на преговорите

Кремљ откри што прави Амбрамович на преговорите

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков во вторникот потврди дека рускиот милијардер Роман Абрамович неофицијално бил вклучен во мировните преговори меѓу Москва и Киев во Истанбул.

Абрамович во вторникот присуствуваше на шестата рунда мировни преговори меѓу Киев и Москва во Истанбул, а по тој повод, според медиумите, разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше домаќин на оваа рунда преговори.

Одговарајќи на новинарско прашање за улогата на милијардерот во преговорите, Песков потврди дека Абрамович неформално бил вклучен во преговорите меѓу Киев и Москва.

„Тој беше вклучен во обезбедувањето одредени контакти меѓу руската и украинската страна, но не беше формален член на руската делегација“, рече Песков, додавајќи дека неговото присуство било одобрено од двете страни вклучени во преговорите.

Тој се осврна и на тврдењата што во понеделникот ги објавија некои медиуми, според кои можеби се отруени Абрамович и двајца украински функционери кои учествуваат во преговорите за решавање на украинската криза и посочи дека тоа не е точно.

„Сето тоа е дел од информациската војна и тие секако не беа точни“, рече Песков.

Информациите за наводното труење на Абрамович беа објавени во пресрет на шестата рунда мировни преговори во Истанбул. Во светло на ваквите информации, министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, во своето обраќање на украинската телевизија изјави дека ги советува сите што одат на преговори со Русија да внимаваат што јадат, пијат и да избегнуваат допирање на која било површина. Ројтерс на оваа тема цитираше изјава на американски претставници кои изразија сомнеж во веродостојноста на информациите за труењето на Абрамович и наведуваат дека последицата од неговата лоша состојба од пред некој ден е поврзана, како што велат, со климата.

Да потсетиме, војната во Украина трае од 24 февруари, а веќе влезе во вториот месец. На 28 февруари руската и украинската страна почнаа да преговараат за условите на мировниот договор што ќе доведе до прекин на огнот и војната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП