27 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕКралицата Елизабета после подолго време се појави во јавноста

Кралицата Елизабета после подолго време се појави во јавноста

Британската кралица Елизабета денеска се појави во јавноста за прв пат по речиси два месеци.

Кралското семејство се собра денеска за да ја одбележи годишнината од смртта на сопругот на кралицата, принцот Филип, кој почина минатата година на 100-годишна возраст.

Иако Бакингемската палата претходно објави дека кралицата нема да се појави на овој настан, таа вчера сепак одлучи да присуствува на церемонијата во чест на нејзиниот починат сопруг.

Во Вестминстерската опатија се и други членови на кралското семејство, пријатели на починатиот принц Филип, претставници на неговите добротворни организации и покровители.

За да и биде што полесно на кралицата поради тешкото движење, таа ќе седи на специјално столче, а церемонијата ќе трае 40 минути.

Медиумите избегнаа да ја прикажат кралицата како влегува во Вестминстерската опатија поради почит кон нејзината состојба. Кралицата последен пат беше видена во јавноста на 5 февруари, по што имаше извештаи за нејзината лоша здравствена состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП