24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКремљ: Абрамович не е отруен

Кремљ: Абрамович не е отруен

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, утринава изјави дека Роман Абрамович не бил отруен и дека таквите тврдења се дел од информациската војна.

Вчера беше објавено дека Абрамович бил отруен по присуствувањето на разговорите меѓу Русија и Украина пред неколку недели, а наводно бил дел од преговарачкиот тим на Владимир Путин.

Абрамович и денеска е во Истанбул, каде што се преговара. Песков вели дека тој официјално не е член на преговарачкиот тим.

Песков рече дека денеска или утре треба да се знае дали е постигнат напредок во мировните преговори.

Владимир Путин има апсолутна поддршка од рускиот народ, соопшти утринава Кремљ, повикувајќи се на нова анкета, додавајќи дека има невидено зголемување на поддршката за рускиот лидер.

Критичарите, сепак, се сомневаат во веродостојноста на анкетата и сугерираат дека е направена за пропагандни цели, пишува „Скај њуз“.

Во дневниот брифинг Кремљ додаде дека од земјите ќе се очекува да го платат рускиот гас во рубли, а доколку одбијат, гасот нема да се дава бесплатно, што укажува дека сега тоа е единствениот начин други земји да купуваат руски енергенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП