25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБитка за Катар – Македонија во Порто против Португалија

Битка за Катар – Македонија во Порто против Португалија

Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва, на теренот на фаворизираната Португалија, ќе се обиде да избори пласман на Светското првенство.

Македонија во баражот влезе по освојувањето на второто место во Г-групата. Германија избори директен пласман на СП, а Македонија квалификациите ги заврши пред Романија и Исланд.

Во квалификациите Македонија во Дујсбург ја победи Германија. Дека „црвено-жолтите“ се сериозна репрезентација со јасна цел, потврдија и во четвртокот во Палермо кога на колена го фрлија актуелниот европски шампион.

„Ако ја победивме фаворизираната Италија, зошто да не ја победиме и Португалија“, изјави капитенот на Македонија, Стефан Ристовски, пред натпреварот.

Португалија доживеа шок во квалификациската група А. Во последното коло, во 90. минута, Александар Митровиќ постигна гол за 2:1, со кој Србија го освои првото место во групата и ја испрати Португалија во баражот.

Во четвртокот Португалците не блескаа, со помош на фортуната ја победија Турција со 3:1.

Интересна е статистиката на двете селекции во овие квалификации. Португалците одиграа два натпревара помалку во групата бидејќи во А-групата се натпреваруваше Катар и дуелите со домаќинот на СП не влегуваат во статистиката.

Македонија постигнала и примила повеќе голови од Португалија, поседот на топката е речиси израмнет. Португалците повеќе шутирале кон противничките голмани и приготвувале повеќе големи шанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП