17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраина објави имиња на 620 руски шпиони, нивните адреси, броеви на пасоши,...

Украина објави имиња на 620 руски шпиони, нивните адреси, броеви на пасоши, Москва молчи

Украина соопшти дека открила 620 руски шпиони – вклучително и еден кој се гледа себеси како Џејмс Бонд и го користи прекарот на Skype “jamesbond007”.

Според британски „Телеграф“, Украина не открива како дошле до пописот, но истражувачката новинарска група „Белингкет“ наведува дека некои информации се чини дека се засновани на претходни протечени податоци.

Сите од шпионската листа се обвинети за учество во криминални активности низ Европа, а дел од идентификуваните биле активни и во Велика Британија, се наведува во текстот на британскиот весник.

Списокот ги вклучува нивните имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши, телефонски броеви, регистарски таблички на автомобили, адреси, па дури и нивните навики.

„Телеграф“ истакнува дека едниот шпион сака премиум автомобили, а другиот е пијаница која постојано ги прекршува сообраќајните прописи.

Сепак, украинските власти ги обвинија шпионите дека се вмешани во криминални активности во Европа, без да наведат детали, што ја зголемува веројатноста некои од списокот да работат како шпиони и во Британија.

Официјална Москва се уште не ја коментираше објавата за нивна наводна шпионска мрежа во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП