11 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и Турција се подготвуваат за „војна за гасоводот“

Грција и Турција се подготвуваат за „војна за гасоводот“

Грција и Турција влегуваат во „војна за гасоводот“ поради желбата на Европската унија (ЕУ) да ја намали зависноста од рускиот природен гас, пишува грчкото издание на англиски јазик „Катимерини“. Грција со години се обидува да ја истурка израелската рута за гас до Европа, но сега Турција има слични амбиции.

Според „Катимерини“, Атина во моментов развива алтернатива на „EastMed“, гасовод поддржан од ЕУ. Проектот предвидува транспорт на гас од наоѓалишта во источниот Медитеран до територијалните води на Египет, Израел и Кипар, преку Грција и Италија, а оттаму до остатокот од Европа.

Сепак, според израелските медиуми, новата администрација на Белата куќа не го поддржува проектот, а во јануари Стејт департментот испрати писмо во кое ја изразува својата резервираност до „EastMed“ и одбива финансиска и политичка поддршка за гасоводот, проценет на околу 7 милијарди долари.

Идејата за алтернатива детално ќе ја претстави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис подоцна оваа недела пред грчкиот парламент. Тоа ќе се совпадне со почетокот на истражувањето во два блока во близина на Крит, кое ќе го врши конзорциум помеѓу „Hellenic Petroleum“, „Total“ и „ExxonMobil“.

Алтернативата е долга 380 километри и трасата ќе ја повтори подводната енергетска врска меѓу Грција и Египет. Се оддалечува од областите од геополитички интерес, но изоставен е и Кипар, што веројатно ќе има своја политичка цена, коментира грчкото издание.

Презентирањето на плановите пред парламентот ќе биде и силен сигнал за инвеститорите, кои се откажаа од многу од нивните планови поради ниските цени на природниот гас во 2019-та и 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП