Русија повеќе не сака Украина да биде „деназифицирана“ и е подготвена да му дозволи на Киев да се приклучи на Европската унија доколку таа остане воено неврзана како дел од тековните преговори за прекин на огнот, велат извори блиски до преговарачите.
Според тоа, договорот за прекин на огнот за кој моментално се преговара меѓу Русија и Украина треба да го вклучи и повлекувањето на Украина од членството во НАТО во замена за безбедносни гаранции и изгледите за пристапување во Европската унија. Сепак, изворите ја открија оваа информација под услов да останат анонимни бидејќи сè уште не е конечно договорено прашањето.

