СВЕТ

Падна Мариупол: Зошто овој град е клучен приоритет за русите

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко денеска соопшти дека градот околу кој со недели се воделе жестоки борби, денеска е во рацете на руската армија.

-Не е се во наша моќ. За жал, денес сме во рацете на окупаторите – рече Бојченко. Мариупол е клучот за руската операција во Украина.

Четири причини зошто освојувањето на овој град е приоритет за Москва

Прво, Мариупол го обезбедува копнениот коридор меѓу Крим и Донбас и е од непроценливо значење за успехот на руската операција, бидејќи обезбедува врска помеѓу трупите од североисток, каде што се Русите, и источниот дел на земјата, каде што се бооружените сили на Донецк и Луганск.

Второ, не помалку важен е фактот дека во мирнодопски услови, Мариупол е столб на украинскиот извоз на челик, јаглен и житарки за клиентите на Блискиот Исток и пошироко. Загубата на Мариупол е голем пораз за Киев и удар за целата украинска економија.

Трето, Мариупол е и штаб на украинската милициска бригада „Азов“, која вклучува ултрадесничарски и нацистички елементи.

Четврто, тука е прашањето на моралот, бидејќи руската победа во Мариупол им покажува на Русите дека армијата напредува во остварувањето на своите цели, додека за Украинците губењето на градот би било голем удар.