28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКoj тип на потрошувач сте вие?

Кoj тип на потрошувач сте вие?

Некои штедат сега за да трошат подоцна, други се расфрлаат, други живеат во рамките на нивните можности – луѓето, земајќи го предвид односот кон парите и трошењето, може да се поделат во седум категории, покажува британско истражување.

Трендсетери – Нив ги води срцето и модата, па ќе потрошат повеќе отколку што имаат на својата сметка за да го одржат начинот на живот на кој се навикнати.

Инвеститори – Овие луѓе знаат со парите. Ќе вложат време во истражување на пазарот за да донесат паметни одлуки. Не бегаат од ризик, но паметен, нема да брзаат со нови проекти, ќе ризикуваат само ако мислат дека ќе им се исплати.

Штедачи – „Штеди сега за да трошиш подоцна“ – е нивното мото. Не сакаат да се задолжуваат доколку не се сигурни дека ќе им бидат вратени во целост за еден месец. Сакаат попусти, намалувања, распродажби.

Внимателни – Независни се и сакаат да ги поедноставуваат работите, поради што сакаат онлајн купување. Имаат целосна контрола над своите финансии. Заштедата им е важна и се внимателни кога станува збор за преземање на било каков финансиски ризик.

Реалисти – „Живот во границите на можностите“ – е слоганот до кој се придржуваат овие типови на луѓе. Не сакаат да користат кредитни картички и строго се придржуваат до поставениот буџет.

Спонтани – Тие се склони кон новитети, без разлика дали се тоа идеи, авантури, работни места. Ако треба да изберат помеѓу да останат дома за да заштедат пари и да одат во нов ресторан, тие секогаш ќе го изберат второто.

Дисциплинирани – Чевлите се на попуст од 50 проценти? Побрзајте, акција „три за две“ само денес. Маркетинг мамките не значат ништо за дисциплинираните потрошувачи. Тие не трошат пари, го купуваат она што навистина им е потребно, донесуваат внимателни одлуки, а пријателите им завидуваат на финансиската дисциплина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП