29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВолстрит журнал: Роман Абрамович и украински преговарачи имаат симптоми на труење

Волстрит журнал: Роман Абрамович и украински преговарачи имаат симптоми на труење

Рускиот бизнисмен Роман Абрамович и украински мировни преговарачи имаат симптоми на труење откако се сретнале во Киев претходно овој месец, пишува „Волстрит журнал“ (The Wall Street Journal).

WSJ за оваа информација се повикува на блиски луѓе до двете страни.

По состанокот во главниот град на Украина, Абрамович, кој патувал меѓу Москва, Лавов и други преговорачки места, како и најмалку двајца високи членови на украинскиот преговарачки тим, развиле симптоми како вцрвенети очи, постојано и болно солзење и лупење на кожата на лицето и рацете, пренесува WSJ.

Приказната за симптоми на труење кај неколку луѓе ја потврдува и Bellingcat, холандско здружение на истражувачки новинари, специјализирано за фактчекинг.

„Bellingcat може да потврди дека тројца членови на делегацијата што учествуваше на мировните преговори меѓу Украина и Русија ноќта меѓу 3 и 4 март 2022 година, почувствувале симптоми на труење со хемиско оружје. Една од жртвите е рускиот бизнисмен Роман Абрамович“, напишаа тие.

За Абрамович веќе се споменуваше дека учествувал во мировните преговори како посредник меѓу завојуваните страни. Тој, наводно, лично ја пренел пораката што Зеленски му ја испратил на Путин.

Абрамович, како и повеќето олигарси, заврши под санкции.

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, како што беше соопштено пред пет дена, во телефонски разговор побарал од американскиот колега Џо Бајден да не воведува санкции за рускиот бизнисмен бидејќи тој може да се покаже како корисен посредник во мировните преговори со Москва, пишува „Волстрит журнал“.

Како резултат на тоа, Белата куќа го уверила Министерството за финансии да не продолжува со плановите за воведување санкции за Абрамовиќ, велат извори запознаени со ситуацијата.

Истите извори наведуваат дека Бајден се консултирал со Зеленски за голем број санкции, вклучително и за Абрамович.

Како што пишува WSJ, за труењето се обвинуваат тврдокорните струи во Москва кои сакале да ги поткопаат мировните преговори.

Абрамович и украинските преговарачи наводно се опоравуваат и нивните животи не се во опасност.

Извор близок до бизнисменот изјавил дека не е јасно која била целта, а западните експерти кои го истражуваат инцидентот велат дека е тешко да се утврди дали симптомите се предизвикани од хемиски или биолошки агенс или некој вид на напад со електромагнетно зрачење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП