17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААко Западот одбие да плати во рубљи - гасот ќе престане

Ако Западот одбие да плати во рубљи – гасот ќе престане

Москва разработува детали за испораката на гас до „непријателските земји“ во рубљи, но нема да се занимава со филантропија доколку Европа одбие да плати во руска валута, изјави денеска за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Кремљ претходно објави дека рускиот претседател Владимир Путин побарал до 31 март да му бидат доставени извештаи за мерките по тоа прашање.

Песков рече дека процедурите за снабдување се многу комплицирани и дека тие вклучуваат „испораки, плаќања, како и прилагодување на билансот“, пренесува Тасс.

„Во моментов се развиваат сите модалитети од надлежните ресори кај Гаспром, по што ќе се дефинира јасна временска рамка“, рече тој на прашањето што точно треба да се спроведе во овој период.

Портпаролот на Кремљ се воздржа од давање детали за тоа какви мерки може да преземе Русија доколку Европа одбие да плати за гас во рубљи.

„Но, дефинитивно нема да испорачаме гас бесплатно, тоа е сигурно. Во нашата ситуација, тешко е можно и разумно да се занимаваме со филантропија“, рече тој.

Претходно Путин побара исплатата за испорака на гас за „непријателските земји“ да се префрли во рубља, велејќи дека Москва нема да прифаќа плаќања според тие договори во, како што рече, дискредитирани валути, вклучувајќи долари и евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП