24 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРуни: Само поради Фергусон потпишав за Манчестер јунајтед

Руни: Само поради Фергусон потпишав за Манчестер јунајтед

Вејн Руни, најдобриот стрелец во историјата на Манчестер јунајтед, открил дека на почетокот на својата кариера одбил да се пресели од Евртон во младинската школа на Јунајтед.

Легендарниот менаџер на Јунајтед, Алекс Фергусон, преговарал со родителите на тогаш 14-годишниот Руни, кој одбил да го напушти Евертон.

„Сер Алекс сакаше да ме донесе во Јунајтед кога имав 14 години. Разговараше со моите родиели. Ми кажаа: „Алекс сака да те види во Манчестер јунајтед.“ Знаете што кажав? „Кажете му нека се е.е, сакам да играм само за Евертон“, раскажал Руни во интервју за „Сан“.

Неколку години подоцна Руни го сменил мислењето. Во 2004 година за 30.000.000 фунти, Руни стана играч на „црвените ѓаволи“.

„Како времето одминуваше, знаев дека морам да играм за него. Само поради Фергусон потпишав за Манчестер јунајтед“.

Вејн Руни со Манчестер јунајтед освои 16 трофеи, меѓу нив се пет во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП