Рускиот претседател Владимир Путин на 31 март очекува извештај од владата, централната банка и Гаспром за примената на упатството за преминување во рубља за плаќање на гасот што се испорачува на „непријателските земји“, објави прес-службата на Кремљ.
„Владата на Руската Федерација, заедно со Банката на Русија и јавното акционерско друштво Газпром, треба да спроведе сет мерки за промена на валутата на плаќање за испорака на природен гас во земјите на ЕУ и другите земји кои воведоа рестриктивни мерки за руски државјани и руски правни лица. Извештајот треба да биде поднесен на 31 март 2022 година, а потоа секој месец“, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

