25 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИОпасни игри

Опасни игри

Simple-Forex-Tutorial-Part-2

Фундаментална анализа за ситуацијата со Сирија

Во исчекување сме на заклучок од денешната дебата на парламентот во Англија кој денес заседава во врска со Сирија.

Ситуацијата станува многу сложена после вчерашното напуштање на седницата на советот за безбедност на ОН на Русија и Кина кои побараа покрај доказот за употребено хемиско оружје да биде докажано и која страна го употребила. Според нив тоа го сториле бунтовниците а според западните сојузници тоа го сторил Асад.

Дополнителен притисок вчера изврши јавноста во Англија која излезе на протести за да не се нападне Сирија. Камерон е на потез !

Од другата страна кај претседателот на САД ставот е јасен, но потребно му е на некаков начин да изгради став и доказ пред домашната јавност. Сигурно напорно работаат за “пакување“ на некаков “случај“ кој ќе  даде легитимитет на интервенцијата.

Од европските земји Франција отворено и јавно застана дека интервенција е неопходна колку побрзо толку подобро. Малку чудно бидејки токму Франција беше против во поранешната интервенција во Либија.

Како и да е, очигледно е дека постои цврста решеност за напад, а прашање е само кога ќе биде. Доколку тоа се случи сигурно дека и пазарите ке реагираат.

Многу веројатно цената на нафтата ке скокне (што до некаде веќе се случи) и да предизвика страв од инфлација, и можно е да скокне цената на златото поготово во првите моменти на паника. Многу извесно е дека на вредност ќе изгубат еврото и британската фунта, а понеутрални да бидат австралискиот и канадскиот долар.

Американскиот долар би требало да ојакне како и јапонскиот јен. Едниствено на ним може да влијае објава за дополнителни монетарни олеснувања за кој активно се дебатира помеѓу официјалните лица. Денес имајте во предвид дека јапонскиот пазар се затвора порано и може да биде добар показател за расположението.

Вчера еврото веќе ослабна под влијание на психозата околу Сирија и можно е понатамошно слабеење доколку денот го заврши во зоната околу 1.3200 спрема американскиот долар.

Голема подршка се очекува на цена 1.3140-50 и евентуално затворање под ова ниво ке потврди подолгорочен тренд на пад.

Бидете многу внимателни доколку ништо не се случи заклучно со оваа вечер кога пазарите затвораат бидејки можно е и за време на викендот да имаме интервенција и не би било паметно да се остават отворени позиции.

Бидете внимателни ! Можни се големи пазарни реакции секој момент !

 

Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП