4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПожар во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил

Пожар во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил

Во рестриктивната зона околу нуклеарната централа Чернобил избувна голем пожар поради борбите.

Комесарката на украинскиот парламент за човекови права Људмила Денисова ја повика Меѓународната агенција за атомска енергија итно да испрати помош.

Таа информираше дека горат повеќе од 10.000 хектари шума, што може да предизвика зголемување на нивото на радијација во воздухот. Денисова тврди дека во моментов е невозможно пожарот да се ​​стави под контрола и да се изгасне бидејќи оваа зона, во која е забранет пристапот на граѓаните поради високото ниво на радијација, е под контрола на руските сили.

Таа предупреди дека пламенот може да ги зафати складиштата за потрошено нуклеарно гориво и објектите со нуклеарен отпад во зоната на Чернобил, како и дека поради сувото и ветровито време може да дојде до пожари од големи размери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП