21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБајден „удри“ по најбогатите американци: Повисок данок за секој што е „потежок“...

Бајден „удри“ по најбогатите американци: Повисок данок за секој што е „потежок“ од 100 милиони долари

Белата куќа во понеделник ќе претстави план за воведување „минимален данок“ за милијардерите во рамките на буџетот за 2023 година.

За прв пат 700-те најбогати Американци ќе плаќаат директни даноци, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на пет извори и административен документ во кој имал пристап.

Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа и економските советници оваа есен процениле дека 400 семејства милијардери платиле просечна федерална даночна стапка од 8,2 отсто на нивниот приход, помеѓу 2010 и 2018 година. Таа стапка е пониска од стапката што ја плаќаат милиони Американци кои припаѓаат на средната класа.

Милијардерите кои плаќаат пониска стапка ќе треба да ја платат разликата меѓу досега платеното и стапките од 20 отсто, а оние кои веќе плаќаат повеќе од 20 отсто нема да должат дополнителни даноци.

Според документот, планот на претседателот Џо Бајден „Минимален данок на доход за милијардери“ ќе воспостави минимална даночна стапка од 20 отсто за сите американски домаќинства со вредност од над 100 милиони долари, се наведува во документот.

На тој начин најголемиот дел од новите приходи собрани од данокот би дошле од американските милијардери.

Белата куќа проценува дека воведувањето на новиот данок ќе ги зголеми приходите за околу 360 милијарди долари во следните 10 години.

Белата куќа се очекува да го претстави предлог-буџетот во понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП