27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКличко: Киев живее и работи, се отвораат продавници, кафулиња и фризерски салони

Кличко: Киев живее и работи, се отвораат продавници, кафулиња и фризерски салони

Киевскиот градоначалник Виталиј Кличко најави дека одбраната на Киев продолжува, а во функција е најважната градска инфраструктура. Продавниците, кафулињата и фризерските салони повторно се отвораат.

„Од понеделник, 28 март, градските власти донесоа одлука да го исклучат греењето на станбените згради и институциите“, рече Кличко на својот канал на „Телеграм“, додавајќи дека се водат според важечката легислатива.

Тој додава дека ако просечната температура на воздухот за три дена е 8 ° C и има тенденција на зголемување, тогаш грејната сезона може да заврши. Ќе се прекине снабдувањето на куќите постепено. Процесот треба да трае околу една недела.

Кличко извести дека од понеделник ќе продолжи да се одржува наставата преку интернет.

„Важна задача е градот да живее и работи и во ваква тешка воена ситуација. Се обидуваат да не заплашат – нема да успее. Нема да се откажеме. Киев ќе преживее, Украина ќе победи“, изјави градоначалникот на Киев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП