19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски моли за оружје: Бараме само 1 отсто од тоа што го...

Зеленски моли за оружје: Бараме само 1 отсто од тоа што го има НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика западните влади да достават авиони, тенкови и системи за противракетна одбрана на неговата земја.

Во страствено обраќање доцна во ноќта, тој рече дека тешкото наоружување кое моментално собира прашина во магацините може да ја брани слободата во Европа.

Зеленски се пожали дека руските авиони не можат да бидат соборени со митралези.

„Што прави НАТО? Дали е предводено од Русија? Што чекаат? Поминаа 31 ден. Бараме само 1 отсто од тоа што го има НАТО, ништо повеќе“, рече тој.

Словачкиот премиер Едуард Хегер потврди за Би-Би-Си дека неговата земја е подготвена да го испрати својот арсенал советски ракети за воздушна одбрана С-300 во Украина, доколку може да се обезбеди замена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП