20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Alfa Romeo“ размислува за конкурент на „BMW X5“

„Alfa Romeo“ размислува за конкурент на „BMW X5“

„Alfa Romeo“ работи на уште еден голем „SUV“ во својата гама за да им се придружи на „Stelvio“ и „Tonale“. Ова го потврди шефот на италијанскиот бренд Жан-Филип Импарато во интервју за „Autoweek“.

„Досега не сум го споделил со никого, но затоа што сакаме да бидеме глобален премиум бренд на „Stellantis“ и затоа што сме многу добро познати, сакам да понудиме одличен премиум „SUV3 на пазарот“, рече менаџерот.

Затоа, по претставувањето на „Alfa Romeo Tonale“, францускиот менаџер побрза кон она што ќе дојде во следните неколку години, држејќи на повидок едно од светите чудовишта на „SUV“ моделите во „Е“ сегментот како што е „BMW X5“.

„Ние целиме кон модели како што се „BMW X5“, „X6“ и серијата „7“. Многу популарни модели и пред се со висока профитабилност“, рече шефот.

Импарато уште еднаш се сврте кон „BMW“, наведувајќи ја баварската куќа како почетна точка за „Alfa Romeo“, не само во однос на гамата на модели, туку и во однос на цените.

„Цената не е алатка за продажба, таа е лост за подобрување на позиционирањето на брендот“, рече францускиот менаџер пред еден месец. И најавата за нов теренец од „Е“-сегментот ја следи оваа филозофија.

Сè уште е рано да се знае каков ќе биде новиот модел, но знаеме дека ќе пристигне во 2027-ма година. „Почнуваме да го обликуваме“, изјави извршниот директор на „Alfa“ за „Autoweek“. 2027-ма година е многу посебна година за компанијата, бидејќи според плановите оттогаш, брендот ќе произведува само електрични автомобили.

Според тоа, тоа би можело да значи дека конкурентот на „BMW X5“ ќе биде со нулта емисија, базиран на „STLA Large“ платформата на „Stellantis“, за која се зборува за автономија до 800 km. Идниот кросовер сигурно ќе го нападне кинескиот пазар, каде што големите модели се исклучително популарни и каде електричните автомобили се многу посериозна реалност отколку во Европа.

„Дали ќе останеме таму каде што сме или ќе се фокусираме на најпрофитабилниот сегмент во светот?“, се прашува Импарато. Одговорот е јасен и доаѓа во форма на „SUV“ со должина од околу 5 метри. Би можел да биде надополнет со голем седан – класичен предводник, кој ќе биде позициониран над следната генерација на „Giulia“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП