Веќе речиси еден месец војната во Украина ни носи вознемирувачки фотографии од фронтот, каде украинските и руските сили се борат за превласт над одредени делови од таа земја.
На социјалната мрежа Твитер се појавија вознемирувачки фотографии од луѓе врзани со жолта лента за столбови, а лицата им се обоени во зелено.
Во исто време, на платформите се шпекулира за кого всушност станува збор. Дали овие руски затвореници се ограбени од Украинци или се ромски бегалци кои се воени профитери и влегуваат во куќи за да крадат.
Многу корисници на Твитер ги споредуваат овие сцени со оние од нацистичката ера, кога и Ромите беа прогонувани. Тие посочуваат дека тоа се „вистински европски вредности“ кои излегуваат на виделина, и дека никој не смее да биде понижуван на ваков суров начин, дури и да е фатен во грабеж.
Украина 27 дена е во војна со Русија, а и по бројни преговори Москва и Киев не успеаа да постигнат заеднички мировни договори. Според последните податоци, повеќе од 4 милиони луѓе ја напуштиле Украина од почетокот на руската инвазија.
Најголем дел од оние што заминуваат се жени и деца, меѓу кои и Роми. На сите мажи на возраст меѓу 18 и 60 години им е забрането да ја напуштаат земјата за да се борат.