19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДраги: Европа треба да го зголеми производството на чипови

Драги: Европа треба да го зголеми производството на чипови

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека е приоритет за европските земји да го зголемат производството на компјутерски чипови како дел од поголемите напори за зајакнување на економијата на блокот и заштита на важните индустрии.

„Недостигот на полупроводници, а кои се суштински за многу стратешки индустрии, како што се транспортот, индустриските машини, одбраната, е особено штетен“, рече Драги во парламентот.

Тој додаде дека амбицијата на Европа е да го зголеми својот удел на пазарот од 10 на 20 отсто од глобалното производство на чипови до 2030-та година.

Драги ги даде забелешките само два дена откако два извори за „Reuters“ изјавија дека Италија е подготвена да финансира речиси 40 отсто од вкупната инвестиција на „Intel“ во изградба на фабрика за пакување и склопување чипови во земјата.

Планот на владата на Драги ја покажува желбата на некои земји-членки да понудат конкурентни услови за привлекување на „Intel“ и други производители на чипови да инвестираат во регион каде што трошоците за работна сила и производство се повисоки отколку во Азија.

По веста, канцеларијата на Драги и Министерството за иновации одбија да коментираат.

Минатата недела „Intel“ ги откри првите детали за својата инвестиција во Европа. Компанијата се обидува да ја намали својата зависност од увозот на азиски чипови и да се справи со проблемите со снабдувањето.

Италијанската фабрика, која се очекува да започне со работа меѓу 2025-та и 2027-ма година, ќе отвори 1.500 директни работни места и дополнителни 3.500 работни места меѓу добавувачите и партнерите на компанијата.

Италијанската влада е во преговори со Европската унија и бара од неа да даде зелено светло за државната поддршка што ја нудат земјите-членки на „Intel“, според еден извор.

Од компанијата „Intel“ одбија да коментира детали од договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП