Оваа година „Mercedes-Benz“ ја слави 55-годишнината од својата „AMG“ поделба. Па поради тоа, компанијата објави специјална верзија на својот „Gelendvagen“, наречена „Edition 55“, која се карактеризира со ексклузивни бои на каросеријата и контрастен внатрешен дизајн.
„Mercedes-AMG G 63 Edition 55“ ќе биде достапен со избор од три опции за боја на каросеријата – црн обсидијан, металик и дијамантска бела боја. Теренците од серијата добиваат и 22-инчни мат сиви тркала, кои се комбинирани со црвени клешти на сопирачките. Автомобилот има и црна решетка и хромирана капа за гориво со логото „AMG“.

Внатрешноста на специјалната верзија е изработена од црна и црвена „Nappa“ кожа. Контрастната палета е комбинирана со мат карбонски влошки и амблеми „AMG Edition 55“ на воланот од микрофибер, контролната табла и патосниците од велур.
Под хаубата на оваа „G-Class“ се наоѓа 4,0-литарски V8 битурбо мотор кој развива 585 ks, комбиниран е со 9-степен автоматски менувач.
Цената на стандардниот автомобил со овој мотор е 162.150 евра, а за дополнителниот пакет „Edition 55“ треба да се плати уште 17.850 евра. Нарачките за јубилејниот теренец ќе се примаат до крајот на октомври.