18 мај, 2024
ПочетнаКОРОНАКороната се враќа на голема врата: „Имаме идеална комбинација за совршена бура“

Короната се враќа на голема врата: „Имаме идеална комбинација за совршена бура“

Бројот на заболени од Ковид повторно расте во Западна Европа поради идеалната комбинација за „совршена бура“, пишува Јутарњи лист.

А таа комбинација, како што се наведува, е укинувањето на рестриктивните мерки, слабеење на имунитетот кај населението и новата, позаразна подваријанта на омикрон БА.2.

По повеќе од еден месец опаѓање на случаите низ Европа, во Велика Британија, Франција, Германија, Италија и други земји, бројот на инфекции драстично се зголеми во последните денови.

Во Франција, бројот на новозаразени се зголеми за повеќе од една третина откако владата ги укина повеќето ограничувања минатиот понеделник.

Германската влада одлучи во текот на викендот да ги укине ограничувањата, и покрај новиот рекорден број на инфекции регистрирани во петокот, дури 300.000. Иако голем број германски сојузни покраини имаат слобода сами да воведат ограничувања, повеќето ги задржаа постојните.

Италијанската влада во четвртокот објави дека ќе ги укине речиси сите ограничувања и покрај зголемениот број случаи.

Во Обединетото Кралство, едно од дваесет луѓе во моментов е заразено, но владата во петокот го укина последното ограничување за меѓународно патување.

Иако мерката за задолжителна употреба на маската FFP2 беше укината во Австрија пред само неколку недели, ова правило повторно се воведува поради се поголемиот број случаи.

Иако дел од епидемиолозите сметаат дека владите пребрзо ги олабавиле мерките, сепак посочуваат дека наглото зголемување на бројот на заболени се должи на подтипот омикрон БА.2, кој стана доминантен во многу земји.

Се проценува дека BA.2 е околу 30 проценти позаразна од претходната подваријанта BA.1, а бидејќи е потешко да се открие, се нарекува и „прикриен омикрон“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП