5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Од Мариупол не остана ништо, само урнатини

Зеленски: Од Мариупол не остана ништо, само урнатини

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека од Мариупол нема ништо, додека Киев апелираше до Москва да дозволи цивилите да се евакуираат од опколениот град.

„Таму ништо не остана. Само урнатини“, рече Володимир Зеленски во видео обраќањето пред италијанскиот парламент, пренесува Би-Би-Си.

Мариупол, клучна стратешка цел на Москва, со недели издржа на руското бомбардирање. Официјални лица велат дека жителите останале без храна, лекови, струја и вода за пиење.

Како што рече Зеленски, официјални лица од Мариупол рекоа дека руските сили фрлиле две големи бомби врз градот, но не наведоа детали за жртвите или штетата.

„Уште еднаш е јасно дека окупаторите не се заинтересирани за Мариупол. Сакаат да го срамнат со земја и да направат пепел од него“, велат тие.

Русија негира дека цели на цивили.

Претходно вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук ги повтори повиците за отворање на хуманитарен коридор кој ќе овозможи цивилите да си заминат.

Таа подоцна рече дека најмалку 100.000 луѓе сакале да заминат, но не можеле.

Украина во понеделникот го отфрли ултиматумот за предавање на градот како услов руските сили да ги пуштат цивилите безбедно да си заминат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП