25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте цената на нафтата

Расте цената на нафтата

Цената на нафтата од утрово нагло порасна. Вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава скокна на 118 долари, додека на американскиот пазар 114 долари. Тоа е раст од околу 10 проценти во однос на вчерашниот ден.

Пред десетина дена цените на нафтените деривати паѓаа и дојдоа под 100 долари. Претходно, барелот вредеше 130 долари, но оваа највисока вредност траеше еден ден.

Овој нов пораст на цените е поттикнат од извештаите дека оваа недела ќе следи средба на врвот меѓу владите на ЕУ и американскиот претседател Џо Бајден за да се зајакне одговорот на Западот кон Москва во врска со нападот врз Украина, при што ЕУ, меѓу другото, размислува да воведе забрана за увоз на нафта од Русија.

Цената на нафтата може да порасне до 300 долари за барел во случај на забрана за испораки од Русија, што е неверојатно сценарио, изјави вчера рускиот вицепремиер Александар Новак.

Во случај на одбивање на нашите испораки, велам дека цената на нафтата ќе биде 300 долари за барел, додека некои други велат 500 долари – рече Новак, пренесува Тасс.

Според него, Европа не може целосно да се откаже од увозот на руски јаглеводороди бидејќи во овој момент е невозможно да се компензира руската нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП