3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да им ги кажете лошите вести на вашите вработени?

Како да им ги кажете лошите вести на вашите вработени?

T

Без разлика колку пати еден бизнис лидер треба да отпушти вработен или да одбие да даде бонус, соопштувањето никогаш не е лесно. Сепак, можете да ја зголемите довербата на вработените и да одржувате јаки врски со нив со тоа што ќе научите да го водите разговорот со почит.

Идентификувајте ги вашите цели однапред – пред да го започнете разговорот, размислете што сакате да постигнете. Опфатете се, од тонот на гласот, до клучните поенти, до крајниот исход. Ако разговорот тргне наопаку, вратете се на тие поенти.

Баланс – кога разговарате за некој комплициран проблем, дозволете другата страна да го објасни своето гледиште. Ако покажете дека слушате, тие нема да одговараат дефанзивно.

Фокусирајте се на конкретна случка, состојба – ако коментирате туѓи постапки, може да се сфати како навреда. Бидете специфични и нема да изгледа како да обвинувате некого.

Парафразирајте ги вашите грижи како опсервации – ако темата е осетлива, знајте дека вашата перспектива е субјективна. Сите проблеми презентирајте ги како перцепции, а не како апсолутни вистини. Бидете внимателни да дозволите простор за преговарање само ако навистина сакате да го слушнете мислењето на другиот. Ако на темата не може да се преговара (отпуштање), бидете директен без многу дебатирање.

Не ја вадете ситуацијата од контекст – ако решавате проблем како недоволно остварена продажба, зборувајте за околностите под кои тоа се случило. Наместо да им зборувате на вработените дека биле мрзливи или неталентирани, размислете дека можеби економијата е во криза или тие немале доволна поддршка. Тие нема да го направат истиот проблем во иднина и ќе имаат мотив да се подобрат.

Создадете можност за учење – откако ќе го објаснете проблемот, фокусирајте се на тоа како да учите од искуството и да одите нанапред. Нека биде проблемот дел од процес, а не завршена работа. Ако отпуштате некого, може да им помогнете да научат од грешки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП