1 јули, 2025
ПочетнаЗДРАВЈЕКолку лук треба да јадете дневно за да ја спречите појавата на...

Колку лук треба да јадете дневно за да ја спречите појавата на опасни тумори

Докажано е дека лукот претставува неверојатна превенција од ракот и ширењето на тумори, а еве и колку лук е потребно да јадете за неговото превентивно дејство да има ефекти.

Постојат 200 различни видови на рак со потполно различни симптоми, но лукот е меѓу најдобрите средства за превенција против оваа, често, смртоносна болест.

Лукот има антибактериски својства и успешно блокира материи во телото кои можат да предизвикаат појава или раст на тумори.

Исто така, ја спречува појавата на канцерогени супстанци во телото и го намалува ризикот од болести, кои се предизвикани од генетските предиспозиции.

Докторите истакнуваат дека лукот е одлична заштита и превенција од разни болести, а Светската здравствена организација нагласува дека секој човек дневно треба да консумира по едно чешне лук или да консумира 300 до 1000 микрограми лук во прав.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар