29 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕБилка која може да ги искорени овие четири смртоносни болести

Билка која може да ги искорени овие четири смртоносни болести

Оваа билка ја уништува желбата за никотин и истовремено ја намалува телесната тежина…

Најсилните убијци на човечкиот род во денешницата се срцевите болести, дијабетесот, прекумерната тежина и пушењето, кои се и меѓусебно поврзани, а можат да предизвикаат и фатален исход како срцев или мозочен удар, но и рак.

Меѓутоа, постои една билка која е одлична за лекување на дијабетес, на зголемен крвен притисок и дебелина. Исто така, таа може да го реши и најчестиот страв кај пушачите кои сакаат да го остават пушењето, а тоа е дека ќе се здебелат ако престанат да пушат.

various-forms-of-stevia

Нејзиното име е стевија и потекнува од семејството хризантеми, а по потекло е од Парагвај каде што со векови се користи како природен засладувач.

Стевијата е најдобар извор на природен шеќер за сите оние кои не смеат или не сакаат да јадат рафиниран шеќер.

Погодна е и за оние кои сакаат да ослабат, за дијабетичари, болни од карцином и други болести во кои е важно да се ограничи внесот на преработен шеќер.

Оваа билка ја убива и желбата за никотин и истовремено ја намалува телесната тежина.

Истражувањата покажале дека стевијата има способност за стабилизација на нивото на шеќер во крвта. Гликемискиот индекс на оваа билка е еднаков на нула, што значи дека не го крева нивото на гликоза во крвта, што е од голема важност за болните од дијабетес тип 2.

stevia_extract_powder_stevia_RA_98_free

Стевијата може да се користи и како маска за нега на лицето, бидејќи ја збогатува кожата и ја прави поцврста и помазна и ги намалува брчките. Добра е и во борбата против акни и одлично делува против дерматитис.

Дури и ако не страдате од овие болести, пожелно е да ја користите стевијата бидејќи содржи многу важни хранливи материи, како витамини А, Б и Ц, минерали калциум, калиум, магнезиум, железо, цинк и хром, како и полифеноли, танин и етерични масла.

Стевијата најчесто можете да ја најдете во облик на исушени листови, зелен или бел прав или во течен облик. Не бара големо внимание, па така лесно можете да ја одгледувате и во вашата градина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП