19 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија ги забрани Фејсбук и Инстаграм поради екстремизам

Русија ги забрани Фејсбук и Инстаграм поради екстремизам

Судот во Москва во понеделникот им забрани на американските социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм да работат во Русија под обвинение за екстремистички активности, што е последен во серијата чекори на властите за контрола на интернетот од инвазијата на Украина.

Судот го одобри барањето на помошникот државен обвинител за забрана на активностите на Meta Platforms Inc. на руска територија“, стои во соопштението на судот на Телеграм.

Социјалните мрежи со кои управува Мета „се забранети поради екстремистичка активност“, објасни судот.

Мета е сопственик на Фејсбук и Инстаграм, но и на апликацијата WhatsApp, која не е опфатена со забраната бидејќи судијата оценил дека не е средство за „јавно ширење на информации“.

Руските тајни служби ФСБ претходно во понеделникот повикаа на „итна“ забрана на Фејсбук и Инстаграм, обвинувајќи ги дека работат „против Русија и нејзините вооружени сили“.

Руското државно правобранителство на 11 март побара Мета да биде вклучена во листата на „екстремистички“ компании, со што се отвора патот за забрана на сите нејзини активности во Русија.

Руското обвинителство реагираше на одлуката на Мета да ги олесни прописите за говор на омраза против руската војска и руското државно раководство поради воената операција што Москва ја започна против Украина.

Инстаграм и Фејсбук, како и Твитер сега се блокирани во Русија каде што се речиси недостапни, освен за пристап преку приватна виртуелна мрежа.

Откако започна инвазијата на 24 февруари, руските власти значително ја зајакнаа контролата на информациите што циркулираат на Интернет, последната област на слободен говор во Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП