18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусите предупредуваат: Европското ембарго на руската нафта би го погодило целиот свет

Русите предупредуваат: Европското ембарго на руската нафта би го погодило целиот свет

Евентуалното европско ембарго на руската нафта би го погодило „целиот свет“, предупреди Кремљ пред состанокот на членките на ЕУ во понеделник на кој ќе се разговара за нови санкции за казнување на Москва за инвазијата на Украина.

„Таквото ембарго би имало многу сериозно влијание врз светскиот пазар на нафта, штетно влијание врз енергетскиот пазар во Европа“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Очигледно Американците не би изгубиле ништо тука, нивната позиција би била подобра од европската“, рече тој на прес-конференција.

„Ваквата одлука би влијаела на целиот свет“, рече Песков.

Министрите за надворешни работи и за одбрана на ЕУ треба да се состанат подоцна во понеделник за да разговараат за новите санкции против Москва.

Од почетокот на руската агресија на 24 февруари, ЕУ веќе воведе неколку рунди санкции против Москва насочени кон компании, банки, високи функционери, олигарси и го забрани извозот на стоки во Русија.

Европскиот увоз на руска енергија досега беше поштеден од санкции бидејќи Европејците во голема мера зависат од руската нафта и гас.

Германија беше особено критикувана поради тоа што се спротивстави на сегашното ембарго на руските јаглеводороди од кои нејзината економија е силно зависна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП