5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКиев го отфрли ултиматумот на Москва - зошто Мариупол е толку важен...

Киев го отфрли ултиматумот на Москва – зошто Мариупол е толку важен за Русите?

Украина го отфрли ултиматумот кој и беше поставен од Москва – да го предаде градот Мариупол до 5 часот наутро по московско време во понеделник. Никој не знае што ќе се случи потоа. И зошто Мариупол е толку важен за Русите?

„Не може да се зборува за никакво предавање, положување оружје“, изјави претходно вицепремиерот на земјата, а пренесува „Украинска Правда“.

Во интервју за Би-Би-Си, советникот на градоначалникот на Мариупол изјави дека не може да им се верува на ветувањата на Русија и дека луѓето кои се борат во градот ќе се борат до последниот војник.

Си-Ен-Ен пишува дека ултиматумот навестил дека на оние што ќе одлучат да се предадат ќе им биде дозволен безбеден премин од градот, но, според американската мрежа, за тоа немало никакви гаранции. Потсетува и дека Русија повеќепати пукала во цивили.

Би-би-си наведува дека не е јасно што би можело да се случи сега. Поминаа неколку часа од „рокот“. Москва не прецизираше што ќе направат нејзините трупи, кои го опкружуваат градот, доколку ултиматумот за предавање биде отфрлен.

Да потсетиме, според извештаите на странските медиуми и официјални лица, се проценува дека во градот има околу 300.000 луѓе. Тие, поголемиот дел од своето време го поминуваат во засолништа. Тие практично се „отсечени“ од останатиот дел од државата и немаат гас, вода, струја. Според Би-Би-Си, нивните резерви на храна и лекови се намалуваат. Низ градот има руска војска, така што жителите се практично заробени. Пред војната во овој град живееле 450.000 луѓе.

Мариупол беше бомбардиран во текот на целата недела. Градоначалникот на тој град, Вадим Бојченко, за Си-Ен-Ен изјави дека во изминатите недели повеќе од 80 отсто од станбените згради биле или оштетени или уништени.

Би-би-си наведува дека сателитски снимки покажуваат дека голем дел од градот е уништен. Да потсетиме, на мета беа и места кои беа засолништа, како театар или уметничко училиште, но и породилиште. Гранатирањето е дење и ноќе, изјави за Си-Ен-Ен Денис Прокопенко од Националната гарда „Азов“.

Во овој град се водат и улични борби.

Мариупол е пристанишен град кој е стратешки важен за Русите, бидејќи освојувањето на ова место ќе и донесе на Русија непречена контрола над југоисточниот дел на земјата. Според Си-Ен-Ен, станува збор за пристаниште на делот од брегот што го поврзува источниот регион Донбас со полуостровот Крим, кој е под руска контрола од 2014 година. Се чини дека руските сили сакаат целосна контрола врз оваа област, за да создадете копнен коридор меѓу двата региона, па оттука е и притисокот врз Мариупол.

Да потсетиме, украинските власти со денови ги обвинуваат Русите дека ги блокираат договорените хуманитарни коридори за евакуација на населението. Но, обвинувањата стигнаа и од другата страна. Москва токму за тоа ги обвини украинските сили околу Мариупол.

Во неделата властите во Мариупол ги обвинија руските сили дека против нивна волја носат луѓе во руските градови. Русија го демантираше ова.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП