3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на шпанската економија го губи интензитетот, но трае подолго отколку што...

Падот на шпанската економија го губи интензитетот, но трае подолго отколку што се очекуваше

sh1

Активностите во шпанската економија речиси се стабилизираа во второто тромесечје од оваа година по долготрајниот период на пад кој пак почна три месеци порано отколку што се предвидуваше, покажаа податоците објавени денес.

Бруто домашниот производ се намали во првото тромесечје за 0,1 процент во однос на тромесечјето претходно согласно со прогнозите и прелиминарната проценка, објави Националниот институт за статистика (ИНЕ).

Шпанија се опоравува, но домашната побарувачка и понатаму е слаба и ја кочи инфлацијата на потрошувачките цени, за која одредени податоци покажале дека во август паднала на најниско ниво во последните четири месеци на 1,5 проценти.

Падот на БДП од 0,1 процент е најблаг пад од второто тромесечје во 2011 година кога економските активности според најновите податоци почнале да се намалуваат. Досегашните проценки го одредиле почетокот на периодот на пад на третото тромесечје во 2011 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП