Во врска најавениот протест на Синдикалните организации на А.Д. Пошта на Северна Македонија, Ве известувме дека на ден 18.03.2022 година, синдикалните претставници на друштвото одржаа состанок со Управниот одбор на Пошта, со што од страна на Управниот одбор на Пошта беше прифатено барањето на синдикалните организации на Друштвото за линеарно покачување на платите на вработените со отпочнување на постапка во истиот момент за реализација на барањето.
Воедно, како преставник на Владата на РСМ во чија 100% сопственост е А.Д Пошта на Северна Македонија, во постапката за реализација на барањето за линеарно покачување на платите на вработените ќе се вклучи Вицепремиерот на Владата на РСМ за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, со одржување на заеднички состанок на ден 21.03.2022 година со претставници на Синдикалните организации и Управниот одбор на А.Д. Пошта на Северна Македонија.

