26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски му порача на Путин: Време е да се сретнеме, сакам сите...

Зеленски му порача на Путин: Време е да се сретнеме, сакам сите да ме слушнат

Украинскиот претседател Володомир Зеленски упати нова видео порака објавена во текот на ноќта.

Зборувајќи од Киев, Зеленски му рекол на Путин дека „време е да се сретнат и време е да разговараат“.

Сакам сите да ме слушнат, особено во Москва“, изјави украинскиот претседател.

Украинскиот лидер им рекол на руските претставници дека е дојдено време да се „вратат територијалниот интегритет и правдата за Украина“.

Зеленски и рекол на Москва дека сега е време за итни мировни разговори, предупредувајќи дека инаку руските загуби ќе бидат толку големи што ќе бидат потребни генерации да се опорави.

„Време е да се сретнеме. Време е да разговараме. Време е да се врати територијалниот интегритет и правдата за Украина“, рече тој.

„Преговорите за мирот, за безбедноста за нас, за Украина – значајни, искрени и без одлагање – се единствената шанса за Русија да ја намали штетата од сопствените грешки“, додаде тој.

Украинскиот претседател ги обвини руските војници дека предизвикале „хуманитарна катастрофа“ блокирајќи го пристанишниот град Мариупол, спречувајќи залихите да стигнат до жителите и гранатирајќи станбени области.

Тој изјави дека Москва им наредила на своите војници „да направат сè, па хуманитарната катастрофа во украинските градови се претвори во причина Украинците да работат заедно со окупаторите“. Тој додаде дека таквите дејствија претставуваат „воено злосторство“.

Зеленски додаде дека луѓето се извлекуваат од урнатините во Мариупол и дека досега се спасени повеќе од 130 луѓе.

„Некои од нив се тешко повредени. Но во моментов нема информации за загинати“, рече тој. Тој им се заблагодари на оние кои го бранеа Мариупол, велејќи дека градот „го доживува најголемото искушение во својата историја, во историјата на Украина“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП