Русија соопшти дека користела хиперсонично оружје за да уништи подземно воено складиште во западна Украина.
Хиперсоничните проектили се брзо оружје кое може да избегне откривање од системите за противракетна одбрана.
Руското Министерство за одбрана во саботата објави дека уништило голем подземен склад за ракети и авионска муниција во украинската област Ивано-Франковск, пренесе агенцијата Интерфакс.
Министерството соопшти дека уништило и радио и извидувачки центри на украинската војска во близина на пристанишниот град Одеса користејќи го крајбрежниот ракетен систем, пренесе Интерфакс, цитираше Ројтерс. Овие тврдења не се независно потврдени.