4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРен: Прерано е да се каже дека кризата во еврозоната е завршена

Рен: Прерано е да се каже дека кризата во еврозоната е завршена

oli1

Постојат знаци на постепено економско закрепнување во еврозоната, но прерано би било да се каже дека кризата е завршена, рече денес европскиот комесар за економија Оли Рен.

„Ова лето во Европа бевме сведоци на низа добродојдени знаци дека економската криза во еврозоната ја достигнала својата точка на пресврт. Податоците за бруто домашните производи (БДП) за второто тромесечје оваа година го потврдија почетокот на постепеното, иако сеуште пригушено закрепнување во еврозоната“, рече Рен пред новинарите на неформалниот редовен собир во автрискиот град Алпбах.

Клучни земји за закрепнувањето на еврозоната се Германија и Франција, така што Германија би требала да ја поттикне домашната потрошувачка, а Франција да вложи поголеми напори во структурните реформи, како што се пазарот на трудот и во пензискиот систем, рече комесарот.

„Ако Германија и Франција го направат тоа заедно ќе и направат голема услуга на целата еврозона бидејќи ќе се направат услови за посилен раст, повеќе работни места и помалку социјални притисоци“, нагласи Рен. Додуша, тоа е долготраен процес, додаде тој.

Нема причина за претеран оптимизам и тоа, пред се, поради драматичното ниво на невработеност во многу делови на Европа, истакнува Рен. Во секој случај, прогласување за крај на кризата би било, најблаго речено, прерано, заклучува тој.

Тој се насочи и кон најновите случувања во Италија, поврзани со вчера постигнатиот договор на владата за укинување на непопуларниот данок на недвижнини кој ќе биде заменет од страна на данокот наречен „данок на услуги“, со што до некаде се ублажени непопустливите политички напнатости внатре во кревката коалициска влада на чело со премиерот Енрико Лета.

Меѓутоа, тој предупреди дека европските власти од Рим ќе бараат гаранции и дека по укинувањето на данокот, Италија ќе може да ги исполни фискалните цели. Европската комисија, како што вели тој, сеуште ги чека деталите од „компензаторните мерки“.

„Клучно е тоа што премиерот Лета потврди дека Италија ќе инсистира на исполнување на фискалните цели во согласност со обврските. Тоа е важно“, изјави Рен за новинарите на маргините на конференцијата во Австрија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП