4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVodafone го продава својот удел во Verizon за неверојатни 130 милијарди?

Vodafone го продава својот удел во Verizon за неверојатни 130 милијарди?

vodafone-verizon_logos-web

Акциите на британската компанија за телекомуникации „Vodafone“ денес поскапеа за 9 проценти, откако тие потврдија дека водат преговори со „Verizon Communications“ за нивниот удел од 45 проценти во мешаната компанија во САД – „Verizon Wireless“.

Од компанијата истакнуваат дека во моментов има засилени медиумски шпекулации околу договорот, но сепак не е сигурно дали ќе дојде до реализација . Според Џо Рандал од „ETX Capital“, уделот на „Vodafone“ во „Verizon Wireless“ може да биде продаден во „неверојатен“ договор кој ќе биде во вредност од речиси 130 милијарди долари.

Во мај извршниот директор на „Vodafone“ Виторио Коало објави дека се залагаат за тоа да го продадат својот удел во вистинскиот момент .

„Verizon“ е лидер на пазарот на мобилната комуникација во САД и стана важен дел за „Vodafone“. Според Рандал, ако „Verizon“ го купи целиот удел на „Vodafone“ , тоа може да ја спаси британската компанија од плаќање на 35 милијарди долари во име на даноци.

Еден од главните акционери во „Vodafone“ споделил пред „CNBC“ :

„Сè се сведува на даноците“ . Втор акционер пак додава дека се очекува „Vodafone“ да им врати на акционерите дел од парите преку специјална дивиденда.

„Пазарната вредност веројатно е поголема отколку понудата на „Vodafone“, но тоа е спор за втората фаза на овој договор” , велат акционерите .

Vodafone најверојатно ќе ги искористи парите за трансакциите како онаа со „Kabel Deutschland“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП