5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМинистерството за одбрана на Украина: Руските сили уништија 90 отсто од Мариупол

Министерството за одбрана на Украина: Руските сили уништија 90 отсто од Мариупол

Руските војници веќе уништија 90 отсто од Мариупол и убиле илјадници жители на градот, објави Министерството за одбрана на Украина на Фејсбук.

– Руските окупатори убија илјадници луѓе! Повеќе од 90 отсто од градот беше уништен во нападите на трупите на Путин. Русите ги држат како заложници жителите на Мариупол со блокирање на хуманитарните коридори. Во градот нема струја, гас и парно, информираат од Министерството за одбрана.

Ракетен напад на руските окупатори целосно уништил станбени згради во Калинивка во Киев, пренесува Укринформ.

– Ова е само едно од сведоштвата за бројните руски фашистички воени злосторства врз цивили за кои тој ќе одговара во Хаг. Ќе им се одмаздиме за сите убиени и осакатени: непријателот ќе биде казнет или на наша територија или на Меѓународниот кривичен суд, соопшти Министерството за одбрана.

Руските трупи ја гранатираат и уништуваат инфраструктурата, пукајќи врз станбени области на украинските градови и села користејќи артилерија, повеќе ракетни системи и балистички ракети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП